Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАнархисти со молотови коктели удрија по домот на грчкиот државен секретар

Анархисти со молотови коктели удрија по домот на грчкиот државен секретар

Група анархисти со камења и молотови коктели, утрово го нападнаа домот на грчкиот државен секретар Алекос Флампурарис, пренесуваат грчките медиуми. Во инцидентот кој се случил околу 4,30 часот наутро по локално време во атинската населба Екзархија, учествувале околу 40 луѓе, пишува интернет страницата на весникот Прото Тема.

Влезот на зградата е оштетен од огнот. Во нападот со камен е повреден полицаец од обезбедувањето, но благодарение на интервенцијата на силите за брза реакција интервентната полиција избегнато е најлошото, пишува весникот.
FLAMBOURARIS-820x418
Домот на Флампурарис веќе беше цел на два слични напади, во ноември минатата година и јануари годнава, па објектот е под постојана полициска заштита. Ноемврискиот обид да биде запалена неговата куќа, државниот секретар го нарече терористички чин.

Инаку, во областа Екзархија на грчката престолнина се наоѓаат седиштата на многу анархистички групи.