Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАнализа: Xiaomi удри во ѕид – Најслаб раст од формирањето

Анализа: Xiaomi удри во ѕид – Најслаб раст од формирањето

Xiaomi оваа година не ги исполни ниту најпретпазливите прогнози и заврши со 70 милиони продадени смартфони што секако не е лошо, но очекувањата се движеа меѓу 80 и 100 милиони уреди. Тоа покажува дека стартапот повеќе ја нема истата поддршка од корисниците кои веќе имаат преголем избор на евтини кинески брендови без оглед на квалитетот. Xiaomi забележа раст од само 16 проценти што е далеку од споредливо со успехот од 2014-та кога имаа раст од неверојатни 227%.

Xiaomi Redmi Note Prime

Во 2016-та Xiaomi ќе треба повеќе да се потруди да ги задржи корисниците во Азија, но и конечно да се прошири во Европа и САД.

Автор: Христијан Станоевиќ