Wednesday, Oct 18, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаАнализа: Ревизија – како работеле државните фондови за здравство и пензиско?

Анализа: Ревизија – како работеле државните фондови за здравство и пензиско?

fzom

Државниот завод ја скенираше работата на двата државни фондови: за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигрување. Ревизијата констатирала неправилности и во одбредени случаи и прекршувања на законите и прописите. Еве што нотирале ревизиорите:

Како работел Фонодот за здравствено осигурување…

Проблеми при плаќањата за извршени здравствени услуги, отсуство на евдиденција за реални трошоци, сектори без директори, нееднаков третман на вработените – ова се дел од наодите нотирани во ревизорскиот извештај за Фонодот за здравствено осигурување.

“Пет од девет сектори функционираат без директор и контролите се пренесени на пониско хиерархиско ниво, што не е во согласност со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и создава ризик од несоодветно разграничување на дел од одговорностите и несоодветно реализирање на активностите на секторите“ – се вели во ревизорскиот извештај, пренесува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Проблеми се лоцирани и при трансферот на пари за извршени здравствени услуги.

“Фондот наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги е принуден да обезбеди средства за целосно функционирање на оние јавни здравствени установи кои не се во можност да остварат доволен обем на услуги или да се вклопат во спотоечкиот систем на вреднување на здравствените услуги“.

Во ревизорскиот извештај се нотирани и референтните цени на лековите.

“Во отсуство на евиденција на реалните трошоци за здравствени услуги, Фондот не е во можност да направи целосна ревизија на референтните цени, ниту пак Јавните здравствени установи можат аргументирано да иницираат и издејствуваат промена на утврдените референтни цени иако со Методологијата тоа е дадаено како можност“, посочуваат ревизорите.

Ревизијата упатува и на начинот на кој се реализирале дел од вработувањата.

“И покарј истекот на законски предвидениот рок, не се донесени поединечни акти, договори з авработување согласно Законот за административни службеници поради што не е обезбедена усогласеност на бодовите за пресметка на платите на вработените во Фонодт со истите во останатите државни институции на исто ниво, што укажува на нееднаков третман на административните службеници“
Меѓудругото, раководните лица во Фондот на овие забелешки возвратиле со одговор дека вработувањата ќе бидат регулирани, но се чекало на законски измени.

“Фондот има доставено предлог измени на Законот за задравствено осигурување и во процедура е негова измена по чие донесување се очекува Фонодот да пристапи кон склучување на договори на своите вработени“ – му пишал Фондот на државниот ревизор.

За надминување на утврдените состојби до одговорните лица на Фондот ревизијата дала препораки за преземање на соодветни мерки и активности.

“Од страна на раковдните лица на Фондот добиени се забелешки на Нацрт извештајот, истите се разгледани и е констатиранод ека во најголем дел претставуваат известување за преземените мерки по дадените препораки на овластениот ревизор“ – пишува во извештајот на државната ревизија.

Ревизијата на финасиските извештаи опфаќа период во кој Фондот бил менаџиран од различни директори: Маја Парнарџиева-Змејкова , Џемаил Мехази, Кристина Христова, Орхан Рамадани и Сашо Стефаноски

Како работел Фонодот за пензиско осигурување …

За навремена исплата на пензиите, Фондот за пензиско осигурување, секој месец земал позајмици од Буџетот, кои потоа тековно ги враќал со пари од сметката на која се врши уплата на придонесите – констатира државната ревизија нотирајќи дека во 2015 година имало и проблеми со префрлување на средствата на приватните пензиски фонодви, пренесува неделната економска анализа на Portalb.mk.

“Фонодот по извршената распределба нема дозначено средства од уплатениот придонес од ПИО на вториот пензиски столб, односно на приватните пензиски фондови во износ од 838 704 000 денари кои се евидентирани како обврска само на крајот на годината (2015). Утврдената состојба влијае на начинот на користење на средствата и оневозможување на приватните пензиски фонодви благовремено да располагаат со средствата“ – констатираат ревизорите.

Дури 2,4 милиони евра се сметаат како сомнителни и спорни побарувања кои се однесуваат на исплатени пензии по смрт на корисникот на пензија, за кои се оформиле и предмети за тужба.

“Меѓутоа и покрај преземените мерки за наплата на побарувањата по основ на поднесени тужби, наплатени се 76 00 евра или само 3% од утврдените побарувања“ – се наведува во ревизорскиот извештај за ПИОМ и се додава:

“По извршената проверка на воспоставените контроли при исплата на пензиите, ревизијата констатира дека и покрај преземените активности за воспоставување и функционирање на системот на интерни контроли (доставување на потврди за живот, школски потврди, исплата на солидарен фонд) исплата на корисник на пензија може да се изврши и по истекот на законски утврденото право. Причина за ваквата состојба е необезбедени навремени, точни и целосни информации од надлежните институции и електронска форма на податоци во Фондот. Утврдената состојба создава ризик да се изврши исплата на пензиски примања на починати корисници на пензија во и надвор од РМ, претплата по основ на времени инвалидски пензии и исплата на корисници на семејна пензија – деца по престанување на школувањето”,

Ревизорот препорачува раководното лице да преземе дополнителни активности и зајакнување на контролните мерки за навремено откривање и постапување по утврдените неправилности.