HomeДЕНЕШНАСветАнализа на Stratfor: Балканот ќе биде арена за војување на големите сили

Анализа на Stratfor: Балканот ќе биде арена за војување на големите сили

“Stratfor” анализира: Европската Унија, САД и Русија, идните месеци и натаму ќе искажуваат интерес за развојот на Балканот, а во Босна “засега останува судирот со низок интензитет. По контроверзниот референдум во Република Српска, кој Уставниот суд во БиХ го довел во прашање, подготовките за понатамошните потези на босанските Срби со цел зајакнување на нивната автономија ќе предизвикаат затегнатост во односите меѓу етничките групи во таа земја – предвидува американскиот институт за стратешки прогнози.
referendum-republika-srpska
Тоа засега ќе остане судир со низок интензитет, но одбраната на српскиот став од страна на Москва и можните етнички тензии, на Русија ќе и отворат нов маневарски простор во нејзините преговори со Американците и Европејците – пишува американскиот институт.

Според Strafor, Европската унија тргнува во темелна расправа за својата политика кон Русија, што ќе се отслика со внатрешна поделба внатре во ЕУ околу односите со Москва и ќе предизвика остри расправи околу тоа што да се прави кога станува збор за санкциите за Русија.
evropaa-podelena-rusija-balkan-01
Светската економија останува слаба, се додава во анализата и стои дека САД ќе изберат претседател кој повеќе од било кога ќе ја обликува надворешната политика на земјата.

Причината е што во пристапот на двајцата кандидати постојат остри разлики, а двајцата кандидати се согласни дека САД мора да ја зачуваат својата хегемонија, иако не се согласуваат околу тоа како ќе ја постигнат својата цел, објаснува Stratfor. Еден кандидат, се додава, смета дека САД мора да ја играат онаа улога во светот која ја наследиле од крајот на Втората светска војна и тоа онаа со која поефикасно ја спроведувале својата моќ преку сојузништва, поврзаност во светската трговија и селективни интервенции. Вториот кандидат, истакнува американскиот институт, поддржува потпирање на сопствените работи во однос на глобализмот, со ставот дека САД и нивните сојузници мора да ги бранат сопствените интереси наместо непотребно да си ги врзуваат рацете со безбедносни чадори и светски трговски договори.
hilari-i-tramp

За светските играчи, како Русија, преостанатите месеци од оваа година ќе бидат искористени за подготовка на преговорите со идниот американски претседател. Руските лидери сфаќаат дека со Обама, кој се подготвува да замине, има малку изгледи за договор во последен час околу Украина и Сирија, забележува Stratfor и додава дека Русија во Украина ќе делува на намалување на судирите на истокот и ќе настојува да ги намали санкциите од ЕУ. Москва за возврат очекува дека Украина ќе направи отстапки, иако Киев не е под доволно силен притисок тука да капитулира, се вели во анализата на Стратфор.
putin-obama-sirija

Институтот смета дека Русија во Сирија повеќе ќе се потпира на воена отколку на дипломатска тактика во настојување да ја засили преговарачката позиција. Русија ќе се сконцентрира на тоа да ја зголеми офанзивата на Дамаск на Алепо, и да ги засили сириските сили на теренот, со што ќе ја зајакне и позицијата за преговори со идниот американски претседател. А бидејќи САД ќе ги засили сунитските бунтовници во Сирија и дијалогот со Москва ќе го стави во втор план, има можност судирите да растат во наредните месеци, се укажува во прогнозата.
putin_rat_sirijaStratfor оценува и дека внатре во ЕУ комбинацијата од политичко распарчување, предизборни калкулации и одбивност кон договорот за слободна трговија во многу членки на ЕУ, сè уште ќе ги нарушуваат преговорите на Унијата за договорите за слободна трговија. Клучните политички и економски играчи на ЕУ, Германија и Франција, влегуваат во подготовки за избори 2017-та година, со што се намалува опсегот на прашања по кои Берлин и Париз можат да се договорат, па од тука Европскиот клуб ќе остане без политичко водство и ова тромесечје и понатаму.

Mass Unity Rally Held In Paris Following Recent Terrorist Attacks
Поделените владејачки француски социјалисти ќе водат битка за опстанок на власт, а во главната опозициска партија на Републиканците исто така има несогласувања, посебно околу миграцијата, иако тие ќе бидат клучен противник на крајните десни сили, кои бараат напуштање на ЕУ, истакнува Stratfor.

И како што се додава, во Германија е очигледна поделбата внатре во владејачката партија и бидејќи германските национални интереси се утврдуваат преку ЕУ, Германија нема да биде во можност да поднесе покрупни планови за интеграција на ЕУ. Мигрантите и безбедноста многу ќе влијаат на политичката програма во Германија поради загриженоста околу миграцијата и тероризмот, а владата во Берлин ќе се соочи со внатрешни притисоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com