HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанакиевски го нападна СЈО и тврди дека не го прекршил законот

Јанакиевски го нападна СЈО и тврди дека не го прекршил законот

jankulovska janakievski

Миле Јанакиевски, поранешниот министер за транспорт и врски излезе со писмена реакција во која тврди дека не го прекршил законот и го обвини СЈО за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ.

– Целокупната постапка е спроведена согласно законските и подзаконските прописи кои го уредуваат отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, што може да се констатира и од позитивното мислење на државниот правобранител, како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија.

Што се однесува на раскинувањето на договорот со фирмата победник на тендерот, до тоа дошло со одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план, а не поради пропустите во работата на комисијата, пишува тој.

Специјалното јавно обвинителство денеска го најави отворањето истражна постапка за случајот „Топлик“ која се однесува на незаконско работење во Министерството за транспорт и врски.

Јанакиески, исто како и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, обвинува дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com