HomeГОВОРНИЦАСтавЈанакиески се жали дека медимите го пренеле пресот на СЈО, а сам откри дека е осомничен

Јанакиески се жали дека медимите го пренеле пресот на СЈО, а сам откри дека е осомничен

mile-janakievski

Екс министерот за транспорт и врски е многу контрадикторен во обвинувањата кои ги упати кон голем број на медиуми кои наводно биле под контрола на СДСМ за нарушување на презумпцијата на невиност со тоа што го откриле неговото име кое е дел од новата истрага на СЈО наречена „Топлик“ а е поврзана со неправилности со проектот Сончев град.

Чисто да потсетиме дека сите медиуми кога ја пренесоа информацијата за пресот на СЈО наведоа само детали од истрагата и дека осомничени се раководни лица од Министерството за транспорт и врски и други лица, за потоа тој самиот да се појави на ТВ Сител каде се однесуваше како да е повикан во судница и ја презентираше својата одбрана.

Истото го направи и министерката Канческа-Милевска која одржа маратонска прес конференција иако никој не го посочи нејзиното име во медиумите. На овој начин функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја наметнат темата дека СЈО им ги крши правата, а дека медиумите известуваат непрофесионално и тенденциозно.

Сепак, штом и двајцата решија со политички спинови да ги водат случаите, наместо да си ги чуваат аргументите за правната процедура која против нив ќе ја поведе СЈО тогаш веќе и нема никаква потреба медиумите да го кријат нивното име како дел од истрагата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com