Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика,,Амира трио" вечерва музички ќе го исполнат предворјето на ,,Света Софија"

,,Амира трио" вечерва музички ќе го исполнат предворјето на ,,Света Софија"

,,Охридско лето” продолжува да ја плете маестралната културна приказна ова лето 2015 то. Време е за уште една музичка нитка која ќе приреди посебно доживување.Вечерва настапува Амира трио“, групата koja  изведува песни од традиционалниот мелос на овие простори на посебнен, уникатен уметнички начин.

Триото го редводи вокалистката Амира Медуњанин, која уште од самиот почеток на својата кариера е во постојана потрага по вистинскиот начин на толкување и претставување на традиционалната музика на Југоисточна Европа

Звонимир Шестак Во текот на својата кариера соработувал со голем број истакнати музичари, како Тамара Обровац, Матија Дедиќ, Дебора Картер, Џо Капловиц, Карен Асатриан, Масимо Савиќ, Натали Диздар и други. Настапувал на некои од најзначајните џез-фестивали во светот. Во 2013 година ја добива наградата „Статус“ („Status“) што ја доделува Хрватското здружение на музичари, за најдобар изведувач на џез-контрабас и на електрична бас-гитара.

Третиот член на „Амира триото“ е хрватскиот гитарист, композитор и аранжер Анте Гело. Во текот на својата кариера има настапувано на голем број џез-фестивали во Хрватска, а имал можност и да ѝ се претстави на публиката во Јужна Америка, во Австрија, во Германија, во Франција, во Италија и во други земји. Член е на неколку џез-ансамбли, каде што соработува со популарни музичари од сферата на џез-музиката. Добитник е на наградите „Чај за тројца“ („Tea for Three“) и „Статус“ („Status“).

Концертот на „Амира  трио“ ќе се одржи во редовниот фестивалски термин од 21 часот во предворјето на црквата ,,Св Софија”