Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАмериканците се преосетливи, тргната рекламата на Пепси со протести

Американците се преосетливи, тргната рекламата на Пепси со протести

Американците уште еднаш покажаа дека се болно осетлива нација која преку ноќ го излеза целиот бес на социјалните мрежи за наводна дискриминација и тоа за премногу несуштински причини. Овој пат виновна им е рекламата на Пепси во која моделот Кендал Џендер им подарува лименка на полицајците за време на демонстрации.

Коментарите на социјалните мрежи се дека реклмата го намалувала значењето на протестите на црнците против полициската бруталност, но од Пепси посочија дека инспирација за рекламата била препознатливата слика од 70-тите кога на големите протести против војната во Виетнам девојка му подарува цвет на силно вооружен полицаец.

Погледнете ја и сами забранетата реклама и проценете дали станува збор за некакво минимизирање на протестите за правата на црнците во САД.