Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмериканскиот Стејт департмент му честиташе на Заев за формирањето влада

Американскиот Стејт департмент му честиташе на Заев за формирањето влада

Американскиот Стејт департмент денеска го честиташе формирањето нова влада на Македонија и порача дека САД остануваат партнери за исполнување на аспирациите кон НАТО и кон ЕУ.

– Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето нова Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во нејзината работа кон исполнување на евроатланските аспирации со имплементирање на итните реформи, засилување на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и одговорноста на Владата – изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Наурт.