Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАмериканскиот огранок на Алибаба на продажба

Американскиот огранок на Алибаба на продажба

Кинескиот гигант во сегментот на онлајн тргувањето Alibaba во вторникот најави продажба на американскиот огранок 11 Main една година по отворањето, наводно поради неисполнети очекувања во поглед на зацврстување на позициите на американскиот пазар.
China-Based Internet Company Alibaba Debuts On New York Stock Exchange
Сајтот ќе биде продаден на американската компанија OpenSky, објави во соопштението Alibaba, не наведувајќи ја вредноста на трансакцијата. Известија само дека ќе биде задржан малцински удел во комбинираната компанија која ќе води 50.000 брендови. Во соопштението не се наведува ниту големината на уделот, ниту причините за продажбата. Според медиумите, Alibaba на компанијата OpenSky ќе и продаде три ограноци за поддршка и логистика за 11 Main.

Alibaba има надмоќна позиција во сегментот е-трговија во матична Кина, па така се проценува дека неговата Tmall.com платформа управува со над половината од кинескиот пазар за директни трансакции меѓу производителите и потрошувачите. Платформата на Alibaba Taobao држи дури над 90 отсто од пазарот на трансакции од потрошувачи до потрошувачи. Ширењето на кинескиот гигант во странство бавно напредува.

„Би сакале 40 отсто од нашето работење да отпаѓа во странство, а моментно нашиот удел во странско работење е само два отсто, рече неодамна во Њујорк основачот и извршниот директор Џек Ма.

извор:Макфакс