Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАмериканскиот гигант Apple ќе се соочи со огромна казна поради избегнување данок

Американскиот гигант Apple ќе се соочи со огромна казна поради избегнување данок

Европската комисија денеска одлучи дека компанијата Apple треба да плати 13 милијарди евра на Ирска поради избегнување од плаќање данок.

Европската комисија го сомничи Apple дека избегнувал исплаќање данок во Ирска и поради ова се стекна со привилигирана положба прекршувајќи ги законите во Европа. Комисијата ќе и презентира формула за калкулирње на данок на Ирска.

Случајот против Apple е отворен од јуни 2014 година, поради две законски регулативи за данок на Ирска кои датираат од 1991 и 2007 година. Законите им дозволуваат на американските фирми да платат 2 отсто данок од профитот направен два нивни производи, наместо официјалните 12.5 проценти корпоративен данок. Се очекува и Apple и Ирска да ја обжалат одлуката. Според ирски министер кој бил цитиран во „Ајриш Тајмс“, комисијата измислува нови правила за интернационален данок.

Инаку овие 13 милијарди долари за Apple не би требало да претставуваат голем проблем бидејќи тој износ претставува само 6 отсто од големиот износ на готовина со кој што располага компанијата, пишува Ројтерс.

Истрагата на ЕК беше отпочната во 2014-тата година кога Ирска беше обвинета дека ги избегнува меѓународните правила така што низ ирските подружници можат да се пренасочуваат милијарди долари заработка, а за возврат би можеле да задржат илјадници работни места во земјата.