Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАмерикански хеликоптери по грешка бомбардирале авганистански војници

Американски хеликоптери по грешка бомбардирале авганистански војници

Американските сили во Авганистан денеска соопштија дека нивни авиони вчера по грешка извршиле воздушен напад врз контролен пункт на авганистанската Армија, при што загинале најмалку седуммина војници.

– Искрено жалиме за загубата на војниците на авганистанската aрмија. Изразуваме најдлабоко сочуство до блиските на жртвите на овој трагичен инцидент и се молиме за брзо заздравување на ранетите, се додава во соопштението.

Како што јави ДПА, американската армија тврди дека при нападот што се случил во округот Бараки Барак во провинцијата Логар, јужно од Кабул, загинале седум авганистански војници, а пет други се ранети, додека според локалните власти при бомбардирањето животите ги загубиле 14 војници. Поголемиот дел од Бараки Барак е под контрола на талибанските бунтовници