Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАмерикански државјанин повреден со нож во Охрид – се обидел да заштити девојка од насилник

Американски државјанин повреден со нож во Охрид – се обидел да заштити девојка од насилник

МВР информира дека утрово околу 04:00 часот во Охрид, на бул.„Македонски Просветители“, спроти казино, А.Д. (1992) од Охрид, со нож му нанел телесна повреда на Ј.М.(1991) од САД. кој се обидел да помогне на девојка која А.Д. физички ја нападнал, по што истиот извадил нож и го повредил Ј.М.

Лицето А.Д. е пронајдено и приведено во СВР Охрид за понатамошна постапка.