Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАмериканска нуклеарна подморница ударила во брод

Американска нуклеарна подморница ударила во брод

Морнарницата на САД потврдила дека нуклеарната подморница Луизијана ударила во морнарско помошно пловило за време на рутинска операција во Хуан де Фука, блиску до брегот на Државата Вашингтон. Судирот на двете пловила се случил во шест попладне, а нема повредени. Се уште се проценува штетата и истрагата е во тек.

Подморницата Луизијана е последна од „охајо“ класите на подморници на нуклеарен погон. Таа е во должина од 170 метри, а се движи со брзина од околу 45 километри на час.