Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАмериканките се закитија со третата титула на светски шампиони

Американките се закитија со третата титула на светски шампиони

Светското фудбалско првенство за жени оваа година заврши на најдобар спектакуларен начин. Седум постигнати погодоци, многу тензија и уживање во убавата игра. Иако овие два тима се соочуваат во финалната рунда две светски првенства едно по друго, оваа година Американките се покажаа како подобриот тим и го совладаа противникот со неверојатни 5:2.

Фуриозниот старт во кој се постигнаа 4 голови во само 16 минути значеше дека на Јапонките воопшто нема да им биде лесен остатокот од натпреварот. Карли Лојд ја започна серијата на погодоци, за потоа Огими некаде во 27. минута да го заокружи првото полувреме со 4:1.

По автоголот на Џонсон во 52. и супер-голот на Хит во 54. минута се комплетираа конечните 5:2 и да ја освојат својата прва светска титула по пауза од 16 години,а трета во својата историја.