Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАмерика слави независност со страв од тероризам

Америка слави независност со страв од тероризам

Околу 7000 полицајци и повеќето службеници за борба против тероризмот ќе ја обезбедуваат главните прослави во Њујорк  по повод националниот празник на САД кој се одбележува денеска.

Стејд Департментот на САД изврши проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот, во пресрет на 4 јули, изјавил  портпаролот Џон Кирби.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо наложил затегање на мерките за безбедност во целата држава, во одговор на повикот за будност, кој го упатила федералната власт.

Денот на независноста, САД го одбележува по 239ти пат. На 4 јули 1776 година е потпишана Декларацијата за независност од Британската империја