Tuesday, Mar 28, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАмерика шокирана од Јамајка – Нов владетел на Голд купот

Америка шокирана од Јамајка – Нов владетел на Голд купот

Фудбалската селекција на САД доживеа неочекуван пораз од Јамајка во полуфиналето на Голд купот и прв пат по 2003 нема да се борат за шампионската титула на регионалното првенство. Американците иако имаа одлична серија на победи не ја оправдаа фаворитската улога и малата карипска држава направи вистински подвиг со победата од 2:1.

По поразот веднаш пристигнаа критики на адреса на селекторот Јирген Клинсман од кој се бара оставка. Ова е и прва победа за Реге момците кои не го совладаа САД во последните 22 меча, но се издигнаа кога е најпотребно за финале во Голд купот против Мексико кои ја совладаа Панама.