HomeДЕНЕШНАСветАмерика призна дека по грешка нападнала војници на Сирија

Америка призна дека по грешка нападнала војници на Сирија

napad-sirija-u

САД потврди дека во септември извеле напад на источна Сирија во кој биле убиени повеќе десетина припадници на сириските безбедносни сили кои се борат против екстремистичката организација Исламска Држава. Коалицијата предводена од САД навела дека на 17 септември дошло „до грешка“, кога тие имале намера да ја нападнат Исламската Држава.

Во нападот учествувале авиони од САД, Велика Британија, Данска и Австралија. Воздушните напади биле стопирани кога Русија го известила САД дека ги напаѓаат сириските сили. Портпаролот на централната команда на САД, воен одсек задолжен за американските сили на Блискиот исток, изјави дека им е жал поради направена грешка, додавајќи дека немале никаква намера да извршат напад врз сириските безбедносни сили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com