Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРАмел Чуриќ победи на ,,X фактор’’

Амел Чуриќ победи на ,,X фактор’’

Вечерва слави Босна и Херцеговина. Амел Чуриќ ја однесе победата на второто издание на регионалното шоу ,,X фактор” кое се одржа во ,, Комбанк Арена’’. Врвен вокал кој ја освои публиката во регионот уште од првата аудиција. Амел е единствениот кандидат кој немаше ниту едено потфрлување за време на ова шоу. Освен на талентот, оваа беспрекорност може да се припише и на искуството.

amel 2

Чуриќ има членувано во неколку аматерски бендови, а првото признание за талентот го доби во 2003 година победувајќи на Босанското музичко шоу ,,OBN MUSIC TALENTS’’.

Зад себе има еден студиски албум ,,Урнебес” издаден 2006 година.

Но, неговата професионална биографија после оваа победа ќе се пишува одново.

Причина за славење има и Македонија, нашиот претставник Боби Мојсовски  заврши на вицешампионската позиција. Токму од Боби Мојсовски публиката во Македонија очекува многу хитови.

Во тројцата најдобри за овогодинешниот ,,X фактор’’ влезе и шармантната Ива Чуриќ.