Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасадорите со последен притисок за излез од кризата

Амбасадорите со последен притисок за излез од кризата

Амбасадите на Европската унија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија ги прават последните притисоци врз политичките партии за реализирање на договорот од Пржино и реализирање на сите прифатени реформи, пред се од страна на власта која веќе се согласи за избор на нови министри и заменици од опозицијата кои ќе бидат дел од преодната влада за до предвремените избори.

ambasadori

„ Претходно во петокот кога се сретнавме со премиерот Никола Груевски му го изразивме нашето разочарување од неуспехот да се исполни крајниот рок на 20 октомври за да се изврши изборот на новите министри, што на 15 јули беше договорено со договорот во Пржино. Упативме повик до ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го спроведе договорот на конструктивен и итен начин и со добра намера. Веруваме дека спроведувањето на договорот од Пржино е најдобриот пат за излез од политичката криза, изјави британскиот амбасадор Чарлс Герет во име на амбасадорската група.

Од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со тврдењата дека тие сакаат да реализира договореното, но гледаме дека има големи опструкции за буџетот на Специјалното јавно обвинителство, неговиот состав и работни простории, а исто така има и контрирање за надлежностите на новите министри од опозицијата кои ќе треба да ги завземат позициите во МВР и Министерството за труд и социјална политика, а да имаат заменици во земјоделие, администрација и труд и социјална политика. Од СДСМ пак, ќе се бара да престане да ги објавува снимките од прислушкуваните разговори што може да се регулира и со закон.

Доколку ништо од ова не се прифати и нема компромис преговорите ќе останат на мртва точка и со тоа се загорзува европската перспектива на Македонија која и онака не е сјајна со сите досегашни скандали и партизирање на институциите, преклопување на медиумите и мешања во законодавната и судската власт.

Фото: mkd.mk и utrinski.mk