Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасадорите на средби во СДСМ – раговарале за црниот четврток

Амбасадорите на средби во СДСМ – раговарале за црниот четврток

Амбасадорите на земјите од Европска унија попладнеово дојдоа во сдиштето на СДСМ. Се сретнаа со потесното партиско раководство за да се информираат за деталите од упадот и насилствата во Собранието. На состанок во седиштето на Бихаќка беа германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер, францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, британскиот амбасадор Чарлс Герет, холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп и координаторката на Обединетите нации, Луиза Винтон. По средбите, никој од нив не сакаше да коментира официјално.

Неофицијално, целта на на средбата е да добијат појасна слика за изборот на Џафери како нов собраниски спикер и насилството врз пратениците на СДСМ. Од партијата велат дека станува збор за редовен брифинг со дипломатскиот кор во земјава и дека се разговарало единствено за црниот четврток.