Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасада на САД: Иванов и новата влада да соработуваат

Амбасада на САД: Иванов и новата влада да соработуваат

Американската амбасада денеска го поздрави доделувањето на мандатот за формирање влада, оценувајќи го како значаен чекор кон излез од кризата.

„Ова е одлична работа за Македонија и за луѓето на Македонија затоа што процесот на формирање влада е придвижување кон следната фаза, односно на повидок е формирање нова влада. Исто така, е важно да се истакне тоа дека претседателот Иванов и лидерите на коалициските партии најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин за да го создадат овој позитивен момент за луѓето во Македонија“, изјави Микаела Швеицер Блум, заменик-амбасадор на САД и вршител на должноста амбасадор.

Таа истакна дека ќе соработуваат со новата влада, која очекуваат да се формира што побргу.

– Има многу работи кои треба да се направат за Македонија да напредне во приоритетните реформи и на патот кон Евроатлантската заедница. САД остануваат пријател и партнер на Македонија, очекуваат да соработуваат со новата влада и да ја поддржуваат и помагаат во спроведувањето на реформите – рече Швеицер Блум.