Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАматерски потег на Скендербег – ја згрешија земјата во која треба да гостуваат

Аматерски потег на Скендербег – ја згрешија земјата во која треба да гостуваат

Квалификационите натпревари за влез во Лигата на шампионите знаат да бидат проследени со интересни случувања, во и надвор од терените. Еден таков аматерски потег од управата на клубот на Скендербег заврши трагикомично.

Албанскиот шампион во второто квалификациско коло од ЛШ игра на гости со Крусејдерс. Имено, се работи за тим од Северна Ирска, но клупските работодавци од непознати причини на играчите им извадиле визи за Република Ирска.

Од албанските медиуми пренесуваат дека визите наместо од британскиот конзулат се извадени од ирскиот, па така дошло до интервенција на Министерството за надворешни работи на Албанија и УЕФА со кои се платени дополнителни 25.000 за да се поправи штетата.

За потсетување, тимот од Корча заминува со предност од 4:1.