Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАмандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година продолжува

Амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година продолжува

Денеска во Собранието на Република Македонија продолжува расправата за ребалансот на Буџетот за 2015 година. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески уште вчера ја објасни причината за ребалансот на буџетот, која се одвива поради остварените повисоки приходи кои со ребалансот треба да се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и најавените проекти.

Со ребалансот би се обезбедиле и дополнителни средства за политиките во делот на социјалната заштита, посебно за ранливите категории, како и интервенција за реализација на повеќе проекти како што се гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.

Според деловникот на Собранието, расправата во ова матично тело треба да заврши за 10 работни денови, по што ќе биде проследен на пленарна седница.