Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАлжирец ја тужи сопругата откако прв пат ја видел без шминка

Алжирец ја тужи сопругата откако прв пат ја видел без шминка

Младоженец во Алжир ја тужи неговата нововенчана сопруга откако првпат ја видел без шминка, јави Анадолу Агенција (АА).

Како што јавија локалните медиуми, утрото по нивната свадба, мажот се разбудил и се шокирал кога ја видел неговата сопруга без шминка.

Тој дури помислил дека тоа не е неговата жена, туку се работи за некоја друга личност.

– Таа изгледала како убавица и заводничка пред бракот, но кога се разбудил ден по свадбата ја видел сопругата без шминка и бил преплашен, затоа што мислел дека во прашање е крадец, наведува извор од локалните медиуми.