Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлсат М: Шефот на обезбедување на Чавков бил меѓу толпата која влезе во Собрание

Алсат М: Шефот на обезбедување на Чавков бил меѓу толпата која влезе во Собрание

Според информациите и снимките со кои располага Алсат М Ване Ефтимов, оперативен шеф на обезбедувањето на директорот на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков се наоѓал меѓу толпата во моментите кога таа упадна во Собранието на Република Македонија на 27 април. Токму затоа симптоматични е како Чавков не знале дека демонстрантите се спремни да извршат упад, а потоа и да ги претепаат пратениците на СДСМ и Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

Чавков објаснуваше дека немал никакви информации дека протестите ќе бидат насилни но, за тоа имаше повеќе знаци. Најпрво демонстрантите околу 18 часот пробно ја тргаа заштитната ограда поставена пред слабиот полициски кордон, потоа Богдан Илиевски од самата бина најави дека ако треба да се влезе во Собрание тоа ќе биде заедно со ангажираните службени лица, за потоа толпата да успее да влезе благодарение на отворањето на заштитните врати од внатрешна страна.