Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„Алсат М“: Новинарите и техничкиот персонал си заминуваат, дали доаѓа крајот на оваа телевизија?

„Алсат М“: Новинарите и техничкиот персонал си заминуваат, дали доаѓа крајот на оваа телевизија?

По заминувањето на Мухамед Зекири од позицијата главен и одговорен уредник, телевизијата „Алсат-М“ доживеа нов „удар“. Извршната директорка на телевизијата, Бисера Јордановска, вчера си поднела оставка од функцијата поради лични причини, пишува Фокус. Сега празното директорско место најавил дека ќе го пополни сопственикот на телевизијата кој им соопштил на вработените дека од први декември тој ќе ја преземе директорската функција.

Освен директорката, од „Алсат М“ да заминат решиле и пет новинари-репортери, кои преминуваат во новата телевизија „Шења“. Исто така, како што дознава весникот, во телевизија Шења преминал и дел од техничкиот персонал. Со оглед на тоа, а и на фактот дека сега во Алсат М се останати само тројца новинари-репортери, овие случувања ќе го стават во прашање нормалното функционирање на медиумот.

Сетоа ова се случува еден месец откако од Алсат М си замина Мухамед Зекири, кој исто така премина во телевизија Шења каде ќе продложи со својата емисија. Тој како што кажа во интервју дадено за еден неделен весник не сакал да биде слуга на политичките текови на ДУИ, кои во изминатиов период прераснале во главна „притока“ на информативната програма на телевизијата.

Дали „Алсат М“ ги живее своите последни денови на слава, или пак тимот ќе биде соодветно реформиран и ќе продолжи со работа, останува да видиме