Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиАлсат – М го прослави својот 10-ти роденден

Алсат – М го прослави својот 10-ти роденден

Телевизијата Алсат – М го прослави својот 10-ти роденден. Единствената двојазична телевизија, вчера во Куршумли Ан одбележа една деценија во етерот.

На свечениот прием говор одржа сопственикот на телевизијата Ферик Велија. Тој истакна дека освен радоста за 10 годишнината од основањето на телевизијата се одбележува и сеќавањето на неговиот татко, Веби Велија чиј проект е Алсат – М.

Редакцијата на Позитив.мк им го честита роденденот и им посакува уште многу години успешно работење.