Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимАлкохолот штети и во најрана фаза од бременоста

Алкохолот штети и во најрана фаза од бременоста

Конзумирањето алкохол во текот на бременоста му штети на бебето на многу начини, на пример во соодветната возраст може да му предизвика потешкотии во учењето и различни телесни тегоби.

Меѓутоа, точниот механизам на кој алкохолот  пречи во бременоста сеуште не е познат во целост. Затоа, финските научници во најновото истражување кое го спровеле врз глувци ги испитале епигенетските промени кои ја следат изложеноста на алкохол во текот на бременоста

D3

Најповеќе било испитувано влијанието на хипокампусот, дел од мозокот кој е вклучен во процесот на паметење и учење, а е многу чувствителен на алкохол.  При што биле утврдени негативни промени во функциите на гените.

Слично влијание  се покажало и во функцијата не гените во коскената срж. Истражувачите заклучиле дека конзумирањето алкохол може да предизвика трајни негативни епигенетски промени уште од најрана бременост. Опасност постои уште во првите три до четири седмици од зачнувањето. Тоа е период кога многу жени сеуште не се ни свесни дека се бремени