HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАлбумот на Адел „25“ забележа нов успех

Албумот на Адел „25“ забележа нов успех

Само десет месеци откако британската пејачка сензација Адел го објави својот трети албум, со продажба од 10 милиони примероци во САД популарното студиско издание „25“ забележа официјална стигна до дијамантски статус. Популарниот албум беше објавен на 20 ноември минатата година, а не него се наваѓаат нумери како што се „Hello“, „Send My Love (То Your New Lover)“ и „When We Were Young“.

Најавната песна од албумот, „Hello“, забележа неверојатен успех и беше продадена во седум милиони примероци. Но низата на успеси не застана со албумот „25“. Деби албумот на Адел „19“ исто така забележа голем успех, а албумот „21“, со три хит нумери беше на првите позиции на светските топ листи.

До денешен ден, албумот „25“ беше на врвот десет недели по ред, а нема да биде изненадување доколку албумот однесе неколку номинации за наградата Греми, поради големата продажба која ја оствари споменатиот албум на Адел.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com