Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбанците излегоа на протест против системот кој ги дискриминира

Албанците излегоа на протест против системот кој ги дискриминира

Стотина албанци денес излегоа на протест организиран од Движењето за реформи ДПА, Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, од Организацијата на воени ветерани на ОНА и други граѓански организации.
protestdpa1
Нивната главна порака е да се промени државниот систем кој континуирано ги диксриминира, прави монтирани политички судски процеси и побараа обединување меѓу Албанците против власта која работи за нивна штета.

Протестот започна од Чаир и поворката се движи кон Собранието на Република Македонија каде ќе бидат истакната главните барања, меѓу кои и надминување на опструкциите врз СЈО кое треба да ги реши наводно монтираните случаи како „Сопот“ и „Монструм“.