Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбанските лидери нема да присуствуваат на канонизацијата на Мајка Тереза

Албанските лидери нема да присуствуваат на канонизацијата на Мајка Тереза

Во Македонската делегација која ќе учествува на свечената церемонија на прогласување на Мајка Тереза за светица во Ватикан нема ниту еден претставник од партиите на Албанците во земјава и тоа поради една причини, несогласувањата со претседателот Ѓорге Иванов.

Од ДПА и ДУИ посочија дека не ја прифатиле поканата на Иванов бидејќи за нив тој е нелегитимен претседател, па затоа во Ватикан нема да присуствуваат лидерите Ахмети и Тачи. Во делегацијата се Зоран Заев од опозициската СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, повеќе министри, претставници на црквите и еден член од семејство на Мајка Тереза.

Нејзиното канонизирање е од големо значење бидејќи од нејзината смрт не се поминати векови туку децении и вистинска реткост личност од современието да добие толкава слава во христијанството. Исто така од посебна важност е и што Ањеза Гонџа Бојаџиу е родена во Скопје и можеби најпопуларната личност на светски рамки од Македонија. Токму затоа ќе се одбележуваат денови на Мајка Тереза до 11 септември.