Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбанскиот фактор ќе побара нов Рамковен договор

Албанскиот фактор ќе побара нов Рамковен договор

Албанските политички партии се држеа настрана од пресметката меѓу власта и опозицијата и за разлика од СДСМ немаа речиси никакви барања за преодната влада или пак други реформи кои би довеле до наредните избори. Сепак, сега е време да бидат откриени картите и на маса ќе биде поставено барањето за употреба на албанскиот јазик како службен на целата територија.

musa jaferi i piter fejt

Муса Џафери како министер за спроведување на рамковниот договор побарал анализа на досегашната состојба со правата на заедниците и донесен е заклучок дека потребно е албанскиот јазик да се користи без оглед на досегашниот услов од најмалку 20 проценти од малцинското население.

Со тоа Албанците би можеле да комуницираат со подрачните единици на централната власт на мајчин јазик. Македонскиот јазик и неговото кирилично писмо ќе остане како службен јазик на Република Македонија во меѓународните односи.

Исто така бришењето на условот за најмалку 20 проценти ќе придонесе за подобро чуство на албанците кои сега се делумно навредени и несигурни бидејќи со намалување на популацијата сите права кои произлегуваат на централно или локално ниво би ги изгубиле.

Анализата е направена од Европскиот институт за мир чиј преставник Питер Фејт инаку олеснувач од 2001-ва исто така ќе присуствува на презентацијата на т.н. Нов Рамковен договор.