Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија со рекордни приходи во туризмот

Албанија со рекордни приходи во туризмот

Албанија лани од туризамот заработи 1,6 милјарди евра, што е досега највисок остварен приходи во туристичкиот сектор, соопшти албанската Централна банка.

Како што јави допсиникот на МИА, споредено со претходната 2015 година, остварените приходи од туризмот се за 13 отсто повисоки и на албанската економија и донеле 175 милиони евра повеќе.

– Станува збор за пари кои стански државјани, како и албански емиграти кои живат во други држави, ги трошат за време на престојот во Албанија во текот на одмор, бизнис патувања или други цели, стои во извештајот на Банката.

Туризмот е еден од секторите кој силно беше погоден од финансиската криза. По 2009-та, четири години по ред приходите бележеа пад, достигнувајќи до 1,1 милијарди евра во 2013 година. Но, во последните три години приходите од туризмот бележат постојан раст.

Се поголемиот интерес за Албанија на гобалниот туристички пазар ги зголемува финансиските приходи за економијата, со што туризмот станува водечки сектор во растот на албанската економија.