Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАлбанија на нозе поради историскиот подвиг на ЕВРО 2016

Албанија на нозе поради историскиот подвиг на ЕВРО 2016

Прв погодок, први поени, прва победа, Албанија ја испиша својата фудбалска историја во натпреварот против Романија на 19 јуни. Триумфот после погодокот на Арманд Садику во третото коло од групната фаза предизвика големо воодушевување кај Албанците кои во Тирана колективно го следеа натрпеварот на нивната репрезентација кој се одигра во Лион.

Повеќе десетина илјади Албанци го прославија овој триумф на нивната репрезентација на Европското првенство во Франција на сличен начин како да освоиле некоја титула, кој можеби ќе и помогне Албанија и понатаму да остане во Франција.

Албанија-прослава на погодок

„Неможам да го опишам моментот кога го постигнав погодокот. Беше многу емотивно. Среќен сум што можам да ги видам Албанците среќни како прославуваат. Тоа е она што ме прави најмногу задоволен“, изјави јунакот на натпреварот Садику.

Албанија го чека расплетот од групата Б и Ф за еден од најдобрите третопласирани екипи да се најде во осминафиналето од ЕВРО 2016.