HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија: Запленети 2.4 милиони растенија марихуана

Албанија: Запленети 2.4 милиони растенија марихуана

Албанската полиција соопшти дека запленилаи уништила 2.4 милиони растенија марихуана пронајдени во таа земја оваа година. Запленетата марихуана се проценувана околу три милијарди евра, што е еднакво на третина од албанскиот БДП, пренесуваат локалните медиуми. Шефот на полицијата Хаки Како изјави дека биле ископани 219 хектари со марихуана од јуни, што е четири пати повеќе од она што албанските власти го конфискувале минатата година.

Тој навел дека 248 лица биле уапсени поради производство на марихуана која била наменета за Италија, Грција, Косово и Црна Гора. Локалните медиуми, повикувајќи се на експер, пренесоа дека запленетата марихуана е во вредност од три милијарди евра, што е еднакво на третина од албанскиот БДП.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com