HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија ќе бара помош од Европа за да профункционира далноводот кон Косово

Албанија ќе бара помош од Европа за да профункционира далноводот кон Косово

dalnovod

Албанскиот министер за енергетика, Дамиан Ѓикнури изјави дека неговата земја ќе побара помош од Европа за надминување на проблемот околу ставање во функција на далноводот Албанија-Косово, што го попречува Србија.

– За жал поради политички причини овој далновод се уште не е ставен во функција и покрај сето наше лобирање и напори. Очекуваме ова прашање да се надмине по средбата што премиерот Еди Рама ќе ја има со германската канцеларка Ангела Меркел и конечно овој далновод да се стави во функција, изјавил Ѓикнури.

Далноводот со Косово чини 42 милиони евра, но иако неговата изградба е завршена пред повеќе месеци тој не функционира бидејќи, според Ѓикнури, Србија не ја признава косовската делница за пренос.

– Европската унија очекува 400 киловолтниот далновод меѓу Албанија и Косово што е можно побрзо да биде ставен во функција, бидејќи тоа ќе ја намали загаденоста на воздухот во Косово, како и зависноста од енергија од јаглен, истакна Јан Рудолф од мисијата на ЕУ во Тирана.

Инаку, албанската Влада потпиша договор за кредит со поволни услови со германската КФВ банка во износ од 50 милиони евра за изградба на 400 киловолтниот далновод Албанија-Македонија.

– Кредитот што денеска го потпишуваме ја финансира изградбата на четвртиот далновод од Албанија кон регионот. Трите од овие далноводи ги финансираше германската Влада преку КФВ банка, нагласи Кристоф Тискенс, директор на банката за Југоисточна Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com