HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија и Косово да се обединат преку референдум

Албанија и Косово да се обединат преку референдум

Косовските политичари не внимаваат со радикалните изјави кои може да наштетат на односите на Балканот особоно по демаркацијата со Црна Гора, а таков е и примерот со Наит Хасани, пратеникот на косовското собрание од партијата ДПК.

nait-hasani

Хасани изјави дека Косово треба да го искористи уставното право да донесе закон за организирање на референдум за обединување со Албанија. Тој веќе одамна побарал од својата партија да работи на усвојување закон кој би им дал на граѓаните право да одлучат за своето обединување во Албанија, јавува порталот Коссев, а пренесува Б92.

Засега од Тирана не ги коментираат ваквите изјави, а нема ниту забелешки на ОБСЕ и Европската комисија кои сигурно нема да фаворизираат нови менувања на балканските граници зад кои стојат цврсти меѓународни договори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com