Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбани се надева со посредство на ЕУ да се најде разумен компромиз за спорот за името со Грција

Албани се надева со посредство на ЕУ да се најде разумен компромиз за спорот за името со Грција

Македонија, со новата влада предводена од Зоран Заев, повторно ќе може да се фокусира на проектите од надворешната политика, како што е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, оцени во интервју за „Јуропиен Вестен Балканс“, германскиот пратеник од редовите на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Штефан Албани, кој претседава и со германско-југоисточната европска парламентарна група.

– Македонија од 2005 година е кандидатка за членство во ЕУ. За жал, корупцијата, криминалот и слабиот правен систем се дел од секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Спорот за името со Грција, исто така, е пречка на патот кон ЕУ. Се надеваме дека посредништвото од ЕУ ќе дозволи да се најде разумен компромис за ова прашање. Македонија сака да го реши спорот со членката на ЕУ, Бугарија, со потпишување договор за добрососедство на 2 август 2017 година. Ова е охрабрувачки чекор во вистинска насока – вели Албани.

На прашањето дали се можни промени во германската политика кон проширувањето на ЕУ по парламентарните избори во Германија, Албани рече дека владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и понатаму ја поддржува перспективата за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Тој, сепак, истакна дека земјите мора да ги исполнат условите за да станат членки.

– Влезот во ЕУ е отворен за земјите што ги исполниле критериумите од Копенхаген. Последните внатрешно и надворешно-политики расправии претставуваат пречка на тој пат, без разлика на резултатите од изборите во Германија – вели Албани.