HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбанците обвинети дека го нападнале Спасов сами се пријавиле во МВР – не го виделе ни допреле

Албанците обвинети дека го нападнале Спасов сами се пријавиле во МВР – не го виделе ни допреле

dime-spasov

Вчера голем број на провладини медиуми излегоа со неколку имиња кои ги посочија како дел некаква криминална Серавска група која наводно го бркала и нападнала заменик министерот Диме Спасов. Истите беа посочени дека се Албанци без никакви докази ниту пак полициска процедура, па затоа истите веднаш реагирале.

Кога ги слушнале своите имиња на некои од провладините медиуми лицата сами синоќа отишле во полициска станица и дале изјави во кои се посочува дека приказната нема никаква врска со нив, ниту е вистинска. Ниту го бркале, ниту го виделе Спасов во ноќта кога заменик министерот удри две возила, дознава А1 Он.

Како што објавија медиумите блиски до власта, Спасов го бркала група од албанска етничка припадност од Серава, и затоа бегал и удирал по возила, а потоа избегал и од полицијата. Тој синоќа во полицијата не поднел кривична пријава против нив, туку пријава-поплака што е нелогично со оглед дека се тврди дека бил во опасност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com