HomeДЕНЕШНАСветАлармантно: Речиси низ целиот свет се дише загаден воздух

Алармантно: Речиси низ целиот свет се дише загаден воздух

Според алармантните податоци на Светската здравствена организација дури 90 проценти од светското население дише загаден воздух. Според извештајот на СЗО тоа придонесува за здравствени проблеми како срцеви болести и рак на белите дробови.

Еден во девет смртни случаи на глобално ниво можат да бидат поврзани со загадувањето на воздухот или годишно околу 5 милиони луѓе умираат од поврзани болести.

Извештајот за загаденоста на воздухот од СЗО се базира врз основа на нови сателитски мерења на загадувањето на околу 3.000 локации низ светот. Југоисточна Азија, источниот Медитеран, и западниот Пацифик се најпроблематичните области.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com