HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАлардајс може да добие отказ од селекторската позиција, го обвинуваат за соработка со менаџери!

Алардајс може да добие отказ од селекторската позиција, го обвинуваат за соработка со менаџери!

Селекторот на репрезентацијата на Англија Сем Алардајс се наоѓа под истрага на фудбалската асоцијација поради обвинение дека бил вмешан во измами во менаџери. Како што пренесува британскиот „Телеграф“, Алардајс наводно ја искористил својата функција и заработил 400.000 фунти за совети од менаџерите како да ги заобиколат правилата при трансфер на фудбалерите.

Овој магазин има и снимка на кој се гледа како Алардајс преговара со менаџерите околу избегнување на сопственоста на третата страна, што е забрането според законите на „Фифа“. Англискиот „Телеграф“ поседува снимка од август минатата година на кое се гледа како „Биг Сем“ се договара со фудбалските менаџери како да ги избегнат правилата на фудбалската асоцијација околу „сопственоста на третата страна“, што во Англија е забрането уште од 2008 година.

Споменатата снимка е дело на новинари во рамките на десетмесечната тајна истрага околу корупцијата во фудбалот на Островот. 61-Годишниот тренер не се огласил по повод обвинението, додека ФА бараше снимки на увид. Алардајс од јули беше ставен на позицијата селектор на Англија, а порано ги водеше екипите на Вест Хем, Сандерленд, Њукасл, Болтон, Нотс Каунти и Блекпул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com