HomeДЕНЕШНАЕкономијаАлан Шаф, основачот на Imgur, доаѓа во Скопје и ќе говори за претприемништво

Алан Шаф, основачот на Imgur, доаѓа во Скопје и ќе говори за претприемништво

event_alan-schaaf-1

Во среда, 2 ноември во 7 часот, Алан Шаф, основач и извршен директор на „IMGUR, ќе има свој говор на настанот “The Talk, кој ќе се оддржи во Сити Хол, Скопје. Настанот е организиран од Сеавус Инкубатор и претставува дел од пред-акцелераторската програма за стартапи и претприемачи поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.

„IMGUR“, чиј основач е Алан Шаф, е најпопуларната заедница за споделување и хостирање на слики.

Алан Шаф ќе говори за патот кој го изминал како претприемач, почетоците и вртоглавиот успех на неговата компанија, како и за предизвиците со кои се соочуваат стартапите. По говорот, тој ќе одговора на прашања од претприемачите поврзани со подобро водење на бизнисот, но и за „IMGUR“, компанија која денес вреди неколку милиони долари.

Настанот е наменет за стартапите кои се дел од програмата на Сеавус Инкубатор за развој на деловни вештини кај претприемачи и подготовка на стартапи за рано лансирање на производ или пристап до финансии.

Сеавус Инкубатор и партнерите обезбедија дополнителни бесплатни карти кои се достапни за стартап заедницата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com