Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлаѓозовски останува во Владата

Алаѓозовски останува во Владата

Екс министерот за култура Роберт Алаѓозовски и натаму останува на Владата, односно по напуштање на министерската функција ќе добие нова позиција.

Тој на примопредавањето на функцијата на новиот министер за култура Асаф Адеми, информира дека ќе биде национален координатор за култура, културен развој и интерресорска соработка во културата, позиција за која директно му е одговорна на премиерот за работата.

Алаѓозовски го раководеше ресорот култура од 1 јуни 2017, односно од составувањето на Владата на Зоран Заев минатата година.