Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАл Шабаб со силен удар во Сомалија – 30 војници загинаа

Ал Шабаб со силен удар во Сомалија – 30 војници загинаа

Милитантната група Ал Шабаб изврши силен напад врз воена база на воените сили на Африканската Унија сместени во Лиго, Сомалија. Базата најпрво била нападната со автомобил бомба, по што следела огнена стрелба. Првичните неофицијални информации велат дека има 30 жртви од воените сили на АУ, но базата не е совладана и превземена од терористите.

somalia2

Ал Шабаб е милитантна исламистичка група која најава дека ќе ги засили нападите во Сомалија во текот светиот месец Рамазан за превземање на власта. Во земјата се стационирани околу 20 илјади војници од силите на Африканската Унија за да се спречи напредокот на Ал Шабаб.