Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАкцијата „Македонија без отпад“ успешна

Акцијата „Македонија без отпад“ успешна

Граѓанската иницијатива „Ајде Македонија“, организатор на акцијата „Македонија без отпад“, која се одржа во саботата на 3-ти октомври, потенцираат дека ефектите од оваа акција ги надминале и нивните очекувања.

Во шест месечните активност на проектот „Македонија без отпад“, беше создаден прв е-регистар на диви депонии во Македонија. Беа направени едукативни предавања и дебати низ повеќе градови низ државата, се организираше акција за собирање на стара хартија, а сето тоа финишираше со националната акција на 3-ти октомври, која се одвиваше под мотото „Бунт против отпадот“. Во неа се вклучија 19.500 учесници во 67 општини, 235 основни и средни училишта, 40 невладини организации, се придружија 62 средни и 225 основни училишта, а се исчитија над 200 локации низ државата.

„Резултатите се позитивни и не радува фактот што потикнавме активизам кај невладините, компаниите, националните и локални власти за самоорганизирање и масовно вклучување на училиштата и граѓаните во оваа акција на 3 – ти октомври. Отпадот е одговорност на секој граѓанин и секој од нас мора да придонесе за почиста и здрава животна средина. Ефектите на оваа акција ги надминаа очекувањата на нас како иницијатори. Оваа акција е значајна најмалку од три причини: прво исчистивме голем дел од Македонија, второ се вклучивме во светската акција за чистење на светот , трето за темата на отпадот ја издигнавме на највисоко ниво. Ова укажува дека тртеба да се продолжи со активности за подобрување на управувањето со отпадот уште пошироко и уште потемелно, со посебен акцент кон селекција на секундарни суровини и нивно насочување во рециклажа. Отпадот е многу скап ресурс и и нивото на искористеност може да достигне над 95% што зборува за големата вредност која се добива од истиот“, соопштуваат од „Ајде Македонија“.