Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАкција во Лазарат – 14 уапсени, 7 во бекство

Акција во Лазарат – 14 уапсени, 7 во бекство

Албанската специјална полиција го опколи Лазарат, како едно од најозогласените места за производство и трговија со марихуана. Во вчерашната акција беше отворен оган од криминалците и еден специјалец го загуби животот, двајца беа ранети. По акцијата, од листата на 21 осомничен 14 лица се уапсени, а седумина се во бекство, по што 400 припадници на специјалната единица Ренеа со тешко вооружување и оклопни возила го опколија Лазарат за финиширање на акција и пронаоѓање на сите осомничени.