Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАкција против рибокрадци – запленети 13 мрежи на Пчиња

Акција против рибокрадци – запленети 13 мрежи на Пчиња

Рибочуварите и членовите на здружението спортско риболовно- рекретивно друштво „Пчиња„,вчера заплениле 13 мрежи на реката Пчиња во близина на село Студена Бара. Претседателот на здружението Роберт Лазаревски денеска изјави дека акцијата за спречување на рибокрадците е извршена во 21 и 30 часот, при што запленети се мрежи со различна должина од 10 и 20 метри.

– Одземена е количина од два килограми риба. За среќа, рибокрадците брзо се забележани од страна на нашите членови и брзо е интервенрирано, така што спречен е обид за рибокрадство на поголема количина риба, изјави Лазаревски.

Рибокрадците, информираше Лазаревски, избегале веднаш, откако на терен ги забележале членовите на ЗСРРД „Пчиња„ и ги оставиле мрежите и количината на уловената риба. Од здружението најавуваат дека и наредниот период постојано ќе вршат контроли по течението на реките кои што се во надлежност на рибочуварската служба на „Пчиња“