Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеАктивности во главниот град – се одбележува Светскиот ден на прва помош

Активности во главниот град – се одбележува Светскиот ден на прва помош

Денеска традиционално Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територија на град Скопје, во соработка од СВР Скопје, ќе го одбележат Светскиот ден на првата помош.

На неколку локации низ Скопје ќе се организираат показни вежби за правилно укажување прва помош, тие места ќе бидат пред ТЦ Бисер, ТЦ Сити мол, Порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка. Ќе бидат симулирани незгоди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на екипите на СВР Скопје ќе треба правилно да ги санираат.

Во вежбите ќе учествуваат и ученици од 19 основни и средни училишта во кои Црвен крст на град Скопје има училишни клубови за едукација и превенција,а овие активности се дел од проектот Училишни клубви за едукација и превенција поддржан од Трансмет -Скопје.