Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАктивната регистрација договорена, дијаспората прави раздор

Активната регистрација договорена, дијаспората прави раздор

Власта и опозицијата се согласни дека треба да се спроведе активна регистрација на гласачите која ќе биде своевиден потпис и за идентитетот ќе се гарантира со земање на електронски отпечаток од прст, со што ќе се спречи двојно запишување. Со активната регистрација треба секој полнолетен граѓанин самостојно да се пријави за запишување во избирачкиот список или пак, да се користат екипи кои ќе одат на терен, но потоа се заканува можноста за одземање на гласачкото право доколку ве нема на списокот.

Токму затоа најголем противник на предлогот е ДУИ од каде сметаат дека активната регистрација може да биде неповолна за лицата кои работат и живеат привремено во странство бидејќи ќе го изгубат правото на глас што може негативно да се одрази на албанскиот електорат.

Од друга страна пак најголем проблем сега е предлогот за 20 пратеници од дијаспората кои ќе се бираат во една изборна едница и опозициските партии силно ќе се спротистават бидејќи на изборите тие излегоа во екстремно мал број и одлучуваа за тројца пратеници што е многу, а не па за една петина од парламентот. Финиширањето на изборните реформи е предвидено за 6 октомври, но со новите натегања меѓу партиите повторно ќе има стравување дека се ќе се „испегла“ во последен момент како при изборот на Специјалниот јавен обвинител.